Ширењето на коронавирусот во Македонија никако да стивне, напротив се шири со несмалено темпо, а тоа го покажуват и денешните бројки. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 177 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-96, Куманово-5, Штип-7, Прилеп-1, Тетово-19, Велес-2, Битола-1, Кавадарци-1, Гостивар-6, Гевгелија-1, Струмица-8, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-10, Берово-6, Виница-5, Делчево-4, Неготино-1.

Во болнички услови починати се 5 лица, пациент од Тетово (67г), Струмица (87г), Крива Паланка (68г) и двајца пациенти од Кочани (70 и 73г).

Тоа значи дека и денеска, исто како и вчера скоро секој четврти кој бил тестиран за ковид-19 во Македонија е позтивен, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Вчера Министертвото за здравство информирраш дека се направени 1 648 тестови, а од нив 383 биле позитивни. И во изминатите денови имаше висок број на нови случаи, но и бројот на тестови беше поголем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.