Нови 118 случаи заразени со коронавирус од 1.653 тестирања, тројца починати и 127 оздравени пациенти, беа регистрирани во претходното деноноќие.

Тројцата пациенти починале во болнички услови. Се работи за пациенти од Тетово (64 г.), Штип (82 г.) и Струга (74 г.). Со последните тројца починати, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 се искачи на 554. Воедно, расте бројот на оздравени лица. Тој сега изнесува 9.752. Остануваат активни уште 2.888.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.194. Досега се направени 132.493 тестирања.

Во Скопје остануваат активни уште 949, Куманово 302, Дебар 68, Штип 243, Прилеп 51, Тетово 160, Струга 138, Битола 63, Охрид 62, Кавадарци 99, Гостивар 297, Свети Николе 56, Кичево 115. Во другите градови бројот на активни е под 50.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.