Денеска во 14 часот најавена е прес-конфернеција во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“. Најавата за прес конфренцијата стигна истовремено со апсењето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, токму за овој случај.
Прес-конференцијата ќе ја води републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, неговата заменичка, обвинителката Лилјана Спасоска, како и шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, која е и предметен обвинител во случајот „Рекет“.
Инаку, по наредба на шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, МВР ја уапси специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдија од обвинителството. Јанева е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластуваањата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.