Конечно Вилма Русковска ја повика Катица Јанева на сослушување. Неофицијално се дознава дека во Специјалното јавно обвинителство утринава стигнала покана за Јанева за сведочење за случајот „Рекет” за во вторник. Поканата предизвикала вистински хаос кај вработените во СЈО, а највознемирена била токму Јанева.
Пред поканата за Јанева, кај Рускоска на распит била и шефицата на нејзиниот кабинет. Иако денеска требаше свој исказ во обвинителство да даде и обвинителот на СЈО, Бурим Рустеми, тоа е одложено за друг ден, бидејќи денеска тој беше обвинител и присуствуваше на судењето на „ТНТ“. Обвинетите пак за уривање на комплексот „Космос“, побараа изземање на Јанева од случајот ТНТ, поради нејзина можна инволвираност во „Рекет“.
Со ова барање за изземање, „Рекет“ и официјално почнува да станува пречка во случаите кои ги води СЈО.
Досега за „Рекет“ пред обвинителството за организиран криминал што имаат да кажат, кажаа обвинителките од СЈО, Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова која ја водеше Империја каде осомничен е Орце Камчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.