Специјалната обвинителка Катица Јанева доби мерка притвор во траење од 30 дена, како трета осомничена во случајот „Рекет“, покрај Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец.

Таа веднаш оди во истражниот затвор во Шутка, каде ќе ја помине првата ноќ лишена од слобода, но изутрина заминува за родниот град Гевгелија.

Обвинителката Вилма Русоска пред судијата на претходна постапка се согласила на Јанева да и биде овозможено присуство на погребот на нејзината мајка, на градските гробишта во Гевгелија, потврдуваат од Кривичниот суд за сдк.мк.

Мајката на Јанева починала по повеќемесечно боледување, токму кога полицијата ја апсеше специјалната обвинителка утринава во нејзиниот дом во населбата во Козле во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.