Кандидатот за градоначалник на општина Карбинци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Виктор Паунов, најави дека доколку тој ја добие довербата на граѓаните, во општината ќе биде изградено ново модерно училиште.
Како што вели Паунов, жителите на Таринци ќе добијат нова надеж за посветла иднина на младите генерации.
Ова се старите училишни згради во Таринци, поминаа многу генерации овде, а условите остануваат не променети. Оваа власт ветуваше изградба на нова енергетско ефикасна, модерна училишна зграда, но како и се во нивната програма и ова остана голема лага – вели Паунов во видео објавено на социјалните мрежи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.