Нови 129 случаи со Ковид-19 од 1.535 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминатите 24 часа. Починаа шест пациенти, пет од Скопје и еден од Струга. Регистрирани се 109 оздравени пациенти.

Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 45, Штип – 25, Гостивар  и Тетово по девет случаи, Куманово – 7, Битола и Кичево по шест случаи, Струга – пет, Прилеп – четири, Охрид, Кочани и Свети Николе по три случаи, Дебар, Кавадарци, Демир Хисар и Делчево по еден случај.

Од 109 оздравени пациенти, најмногу се во Скопје – 60, Куманово – 7, Штип – 16, Прилеп – 1, Тетово – 12, Велес – 4, Кавадарци – 2, Гостивар – 6, Виница – 1. Досега во земјата се направени вкупно 92.550 тестирања на Ковид -19.

Вкупниот број на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.797, бројот на оздравени пациенти е 5.254, на починати е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.092.

Имајќи предвид дека од почетокот на јуни бројките на дневна основа ретко беа под 100 новозаболени, се очекува токму викендов Македонија да ја надмине бројката од 10 илјади заболени.

Надлежните посочуваат дека единствен начин за излез од оваа здравствена криза е задолжително носење маски и одржување физичка дистанца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.