Викендов ќе биде забрането движење на сите категории граѓани од од 16 до 5 часот, соопшти на крајот од прес-конференцијата на министерот за здравство Вено Филипче портпаролот на Владата Мухамед Хоџа, кој ја соопшти одлуката на Владата.

Во текот на прес-конфренцијата беше најавено дека Владата размислува на ваков чекор и дискутира по предлогот како да се организира полицискиот час и движењето од петок до понеделник. Министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конференција рече дека има повеќе опции.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали поради тоа што најголем број од заболените се од Скопје се размислува за некакви поригорозни мерки, Филипче потврди дека токму она за што Владата одлучува денеска се однесува на Скопје, во смисла на дополнително ограничување на комуникацијата, на социјалните контакти и транспортот, кои би се однесувале на викендот, додека од понеделник би важеле други мерки.

Со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронавирусот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд. Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани, информираа од Владата.

Веќе е во тек полициски час од 21 до 5 часот наутро, лицата над 67 години смеат да излегуваат од 5 до 11 часот, а младите до 18 години, од 12 до 21 часот, кога всушност почнува и полицискиот час.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.