Вие сте човекот кој советуваше кога е прекината истрагата за атентатот на Киро Глигоров, го потсети вечерва својот против кандидат Стево Пендаровски, професорката Гордана Силјановска Давкова на последниот телевизиски дуел пред вториот изборен круг.

Вие сте човек кој не се качи во авионот кога загина Трајковски, рече Силјановска.

Вие се што сте правеле за овие 20 години било само за кариера. Со сите сте биле, се сте извршувале. Дури не сте советувале да речеме и кај сте биле кога е прекината замислете постапката за истрагата обидот за убиство на претседателот Глигоров, не знам што сте советувале. Вие сте човекот кој не се качи во авионот со претседателот Трајковски. Вие сте човекот кој што учествуваше во она што се случуваше во Тетово и Гостивар за настаните. Вие сте човекот кој веројатно сте советувале Бранко Црвенковски да го разреши Никола Димитров, нагласи Силјановска.

Силјановска дури го потсети Пендаровски дека и судството во оваа власт е катастрофа и не е чудно што Македонија не доби датум за преговори за членство во ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.