Таман мислиш најголемата глупост ја направил вчера со тајните служби, денеска гледаш дека провизии на вакцини правеле, коментира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Ај да бидам подиректен: Вакцини нема заради провизии на власта и Заев, а веќе се над 3.200 починати од Ковид-19.
За оваа Влада и за Заев ниту еден човечки живот не е вреден, колку што е вредна парата. Мислам дека за пари се спремни и самите да се жртвуваат, а забораваат дека ниту еден автократ парите не ги однел во затвор или на друго место на прогон.
Над 3.200 семејства лично се ожалостени и не можат да ја надополнат својата загуба, за да можат само десетина семејства на власта да дивеат во луксуз, со мајбаси и џипови, квадрицикли и луксузни дестинации, трошејќи ги парите од провизии, пишува Арсовски повикувајќи на одговорност.

Верувајте, ќе ви тежат сите тие пари од провизии на сите до еден.
Не завршува одговорноста со завршувањето на вашето владеење, дури тогаш ќе ви почнат да ви тежат парите.
Луѓе со болка што изгубиле блиски заради вашите провизии, по улици ќе ве плукаат. Вие провизиите ќе ги потрошите, ама болката и тагата кај народот ќе остане.

Таман мислиш најголемата глупост ја направил вчера со тајните служби, денеска гледаш дека провизии на вакцини…

Posted by Dimsa Arsovski on Wednesday, 10 March 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.