Драги браќа и сестри до кога вака, прашува таткото на Јане Ченто, Коле Спиркоски, кој додаде дека криминалците си се договараат кој закон им одговара за Јавно oбвинителство, а уставобранителите кои сакаа да го заштитат Уставот, името и идентитетот на 27 април добија 211 години затвор и никој мува не го лази за нив.

А еве веќе трета година се во затвори неправедно осудени. За која правда зборувате? Па вие добро знаете дека еден ден тие ќе излезат од тие зандани и што тогаш драги „пријатели“ дали тоа ќе биде за 5, 10 или 15 години, и што ќе правите тогаш? Ги заборавивте играјќи со вашите игри и политички договарања. Вие сакате да си ги спасите криминалните задници, а тие ќе одат жртва т.е. курбан за вас ќе скапуваат во затвори. Е, па не ќе може така велика господа, порача Спиркоски.

Додаде дека нивниот гнев, на родителите, браќата, сестрите, сопруги и деца, големи и мали, на мнозинството македонски народ, веќе ја прели чашата и гневот веќе е преголем за да може да се издржи.

Доста е веќе, ќе почнеме да ја пееме нашата, ама на друг начин, без многу шетање. Кратко и јасно. Вие копилиња едни и понатаму си договарате скриени амнестии, а јавно и јасно ги гледа народот, при очи и уши сакате да нè направите недоветни како ништо да не се случува. Пример Крсто МУУУУ М.М.Е. па тие ОХРИДСКИ ДОКТОРИ ДРМОСЕРЦИ АЧИК ГЛЕДА ЦЕЛ СВЕТ КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА 27 АПРИЛ ги амнестираат, а децава наши по затвори ќе скапуваат ни криви ни должни. Тие се тие најголемите предавници на МАКЕДОНИЈА. Па и за тоа ги одликуваат со ордени то ест ТЕНДЕРИ за заслуга за предавство. Ви се ближи денот кога ќе се соочите со нашиот гнев,гнев кој нема да има крај за такви ко вас.За брзо ќе ве нема на сцената.Ние сме голема фамилија а име и презиме и е МАКЕДОНИЈА – МАКЕДОНИЈА !!! ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !!!!!, порача Спиркоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.