Жарко Стеваноски, познат прилепски адвокат и доста активен член на СДСМ-Прилеп, јавно се откажа од понатамошно членство во партијата поради, како што вели, недостиг на можност за напредување во партиската хиерархија и на волја за соработка и имплементација на нови стратегии.
И покрај преземањето на локалната власт на последните локални избори, ОО на СДСМ Прилеп воопшто не покажа интерес за имплементирање на нови политички активности кои доликуваат на политики на партија на власт, кое нешто се потврди и од изборните резултати на последните претседателски избори. Активностите и политиките на огранокот би требало да бидат рефлексија на генералните политики на партијата, но со оглед на актуелните политички случувања и политички резултати на локално ниво не е случај.
Поради погоре наведените причини сметам дека мојот партиски ангажман до денес, освен што е злоупотребен заради исполнување на лични цели на поединци и групи кои егзистираат низ внатрепартиските органи на огранокот, воопшто не е искористен заради реално имплементирање на генералните цели и политики на партијата.
Стеваноски беше член на СДСМ од 2004 година и еден од можните кандидати на партијата за градоначалник во Прилеп на последните локални избори. Тој се споменуваше и како еден од претендентите за нов претседател на прилепскиот огранок на партијата во рамки на „метлата“ што ја најави премиерот Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.