Луѓе ваква магла и смог Кичево не памети во последните десетина години, реагираат кичевци, кои на социјалните мрежи објавија видеа и фотографии од кичевските улици вечерва.

Со оглед на тоа дека и вечерва се празнува Свети Никола, апелираат внимателно да се вози.

Концентрацијата на ПМ10 честички во воздухот вечерва во Кичево изнесува 475 милиграми на кубен метар, со што овој град во Западна Македонија е најзагаден. Ништо подобро не е во Битола, каде што во 22 часот беа измерени концентрации од 347 мг/м3.


Фото и видео: Порта.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.