Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска го пречека претседателот на Владата на Кралството Холандија, Марк Руте, по повод неговата прва посета на Македонија.
Посетата се одвива во светло на добрите билатерални односи меѓу Холандија и Македонија, но и во контекст на заложбата од холандска страна за безусловен почеток на пристапните преговори со Европската Унија што беше афирмирана и на Самитот ЕУ-Западен Балкан одржан во Брдо, Словенија во месец октомври.
Како земја што има стриктен пристап кон објективното вреднување на пристапните критериуми особено во однос на владеењето на правото, поддршката на Холандија што се изразува и преку оваа посета е потврда дека со посветеноста на европската реформска агенда, Македонија е целосно подготвена за отворање на преговорите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.