Никола Димитров, носител на кандидатската листа за пратеници во ИЕ1 на коалицијата „Можеме“, заедно со кандидатите за пратеници Дарко Каевски и Горан Мисовски, како и градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски денеска се сретнаа со спортски работници од Кисела Вода.

-Нема поголем амбасадор од спортот. Спортска нација е и здрава нација. Оттука, инвестиции во спортот се истовремено и инвестиции во здравјето, рече Димитров.

Тој најави продолжување на вложувањата во спортот.

– Спортскиот ваучер, како дополнителен извор за финансирање на спортот кој значително го подигнува нивото за развој на квалитет и ја зголемува финансиската моќ на спортските клубови во моментов изнесува 10 милиони евра, кои веќе се распределени кон спортските федерации, спортските клубови и индивидуалните спортисти, преку системот спортски ваучер за 2020 година, рече Димитров.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.