Ваквите хорски напади кон ВМРО-ДПМНЕ и кон претседателот Христијан Мицкоски имаат еден диригент, а тоа е Зоран Заев, тврди Иван Соколов, секретар за дијаспора и координација со задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ и ветеран на партијата.
Тој на „Фебсук“ забележува дека ваквите напади доаѓаат во време кога ВМРО-ДПМНЕ прави напори за обезбедување на мнозинство во парламентот што очигледно укажува дека мотивите зад сето тоа се шансите, кои, мали или големи, треба да бидат упропастени.
Клиентелистите во политиката и слугите на Зоран Заев служат за димна завеса да ги покријат неуспесите и да го отргнат вниманието од вистинските фијаска кои секојдневно и се случуваат во реалноста. Убеден сум дека сите оние слуги на Заев, уценети и клекнати на колена, кои сега мора да одработуваат за него, по кампањата добиваат име и презиме. Е сега вистинското прашање е каде беа овие три години да кажат збор за штетните политики на Заев, а во исто време се подготвени гласно да коментираат за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ. За нив ова не е никаква борба за принципи, туку борба за спас на криминално стекнатото богатство и купување на слободата, пишува Соколов.
Интересно е како „доктор смрт” и „главната глава на режимот” станаа најпосакуваните ликови на Зоран Заев, пишува тој.
Имено, ќе потсетaм дека господинот Мијалков со државна плата дојде до супер луксузен хотел во центарот на Скопје. Интересно е да одговори која е таа сила која му овозможува закрила и мистериозно ги става во фијока сите предмети кои се отворија против него?! Дали тоа што е најдобар другар со Вице Заев му овозмозува купување на слободата? И да не ја залажува јавноста, на Мијалков му е важно ЕУ и НАТО, колку што на Пабло Ескобар му биле важни демократијата и принципите. Добро е што со ваквите хорски напади под дирегентската палка на Заев се последниот крик на печалбарите во политиката и што ВМРО-ДПМНЕ се прочистува од неславниот багаж зад себе, вели Соколов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.