Веста дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со опозициските партии и Движењето БЕСА формираше ново парламентарно мнозинство експресно се прошири и во регионот.

Босански Кликс пишува дека Владата падна и оти ВМРО-ДПМНЕ има ново парламентарно мнозинство.

И српски Новости ја пренесе веста дека формирано е ново парламентарно мнозинство.

Политичката криза во Македонија почна по лошите резултати на владејачката коалиција меѓу СДСМ на Зоран Заев и Демократската унија за интеграција на Али Ахмети, после што Заев најави оставка на местото премиер и шеф на партијата, пишува Новости.

Веста ја пренесе и Вјести пишувајќи дека по состанокот опозицијата сега има 61 од можни 120 пратеници.

Повикувајќи се на статусот на Мицкоски веста ја пренесува и Пинк кој пишува дека во македонското Собрание има ново парламентарно мнозинство.

Спутник пишува дека ова доаѓа по обедата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори.

Радио Слободна Европа пишува дека клучна за новото мнозинство беше БЕСА.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.