Премиерот Зоран Заев застана во одбрана на ставот од учебниците и спомениците да се избрише зборот бугарски а да остане само фашистички окупатор со изјава која предизвика многу револт кај Македонците. Според него не смее цела една нација, било да е тоа германската, италијанската или бугарската да се обвинува за фашизам, бидејќи како што истакна историјата покажува дека тој нема етнички и национален предзнак.
Не можете да кажете дека цела една нација била фашиситичка не можете да кажете и за нас дека сите биле со партизаните затоа што имало еден дел од нас кои биле соработници на фашиситчкиот окупатор…Соработници имало…, вели Заев.
Професор д-р Весна Јаневска реагираше на вавата изјава на Заев.
Во моментот кога земјата која 2 пати ни става вето за влез во ЕУ, ја нарекуваме пријател, кога бугарската Влада (не народ), која го негира нашиот идентитет и јазик, а ние ја нарекуваме пријателска ги прашувам нашиве апоилогети на евроинтеграцијата по секоја цена, дали нивните деца, кои вака ги воспитуваат, било кога ќе знаат да ја разликуваат вистината од лагата? – коментира таа.
Ви го пренесуваме целиот статус на Јаневска:
Родни Колин бил британски писател кој творел во областа на духовниот развиток. Тој вели дека во нас има многу „јас“, соодветни на функциите во организмот, кои автоматски и наизменично говорат во име на своите сопствени интереси. Морам да прочитам весник вели мисловната функција, сакам да трчам – противреччи моторичката функција, гладен сум, објаснува варењето и така натаму. Во многуте „јас“ на човекот, објаснува Колин, се наоѓа клучот на секаков вид противречност кај човекот, која го фрла во хаос. Секоја функција на човековото битие и секоја претстава на фантазијата на неговата личност, дава ветувања и обврски за кои човекот како целина мора да превземе одговорност. Како? Така што секое јас ќе се ограничи себе си и оддалечи од противречностите кои постојат меѓу многуте јас со признавање на нивната заедничка цел.
Ја одбрав мислата на Колин и еве јавно ја дискутирам, зтоа што јас пак помислив дека со неговата филозофија можеби може да се објаснат поедини изјави и тези деновиве застапени во јавноста. Продолжувам со темата бришење од учебниците на „Бугарски фашистички окупатор“.
Историски факт и вистина е дека Бугарија на 1 ви Март 1941 година се приклучува на членките на Оската, кои се противници на членките на Антантата. Факт е дека Бугарска фашистичка војска ја окупирала Македоннија и воспоставила своја окупаторска власт во земјата. Факт е дека македонскиот народ се вклучил во борбата против фашизмот и од таа борба заедно со членките на Антантата излегол како победник над фашизмот.
Тоа што Бугарија пред крај на војната ја менува страната не го менува фактот дека таа ја окупирала Македонија. Ако зборот фашистичка е придавка и ја карактеризира Бугарија во одреден период, кога таа ја има прифатено фашистичката политичка филозофија, тогаш што тука не е јасно и зошто „бугарска“ треба да се избрише? Јас само се прашувам кое е тоа “јас“ на одредени наши политичари, аналитичари и новинари кои велат дека историјата не се менува, вистината останува вистина, запишана во „некакви“ списи во „некакви“ институции. Таа историска вистина ќе им биде позната на историчарите, ама учениците не треба да ја учат од учебниците затоа што тие гледаат напред и тоа ќе не одведе во ЕУ. Како тоа ние ќе ги подготвуваме нашите деца за Европа, а од нив всушнност ќе ја криеме вистината, доброволно, затоа што една европска членка тоа го бара од нас. Кое е тоа човеково „јас“ кое на прашањето дали ќе се брише “бугарски“ одговара: Јас моите деца не ги учам никого да мразат. Каква логика има ова? Каква врска има омразата со бугарската политичка филозофија од 19. век? Зошто децата кои годинава би ја учеле историјата на Македонија би ги мразеле денешниве Бугари? Се прашувам да не се случува баш обратното? Се прашувам да ли децава нема да ги мразат денешниве Бугари затоа што 2 пати добиваме вето од неа и затоа што ни го оспоруваат идентитетот и нацијата?
Во моментот кога земјата која 2 пати ни става вето за влез во ЕУ, ја нарекуваме пријател, кога бугарската Влада (не народ), која го негира нашиот идентитет и јазик, а ние ја нарекуваме пријателска ги прашувам нашиве апоилогети на евроинтеграцијата по секоја цена, дали нивните деца, кои вака ги воспитуваат, било кога ќе знаат да ја разликуваат вистината од лагата? Помислиле ли дека ги воспитуваат дека фантазијата за Европа во која тече мед и млеко е поважна од вистината и дека заради таа фантазија може да се замижи и пред вистината и пред науката. Можеби овие деца никогаш нема да осознаат дека има нешто што не се менува за фантазија на благосостојба, дека е толку свето и скапо и не се менува за ништо на овој свет. Помислија ли дека овие деца нема да знаат дека телото и душата не се продаваат за пари, односно за високата плата во ЕУ. Зошто не ги учиме на достоинство, гордост, на праведен отпор, на храброст, зошто им го подгреваме ропскиот дух, зошто ги учиме да се понижуваат и молат, наместо гордо даго бараат она што по право и Бога е нивно? Зошто не ги научиме дека државата сами може да си ја изградат, ама не врз база на лаги и лицемерие, задскривање на вистината и удоволување на уценувачите. Зошто не ги научиме дека за нашето постоење компромис нема!
Нашите деца бараат правда, бараат систем, бараат здравство, бараат образование и да бараат и добри плати наместо криминал и кражба.
Што се случува со оние „јас“ кај овие луѓе кои на нашите деца им сервираат ропство и продажба за пари. Лесно е и очигледно. Нивните „јас“ се во тежок дисбаланс. Нивните „јас“ се растргнати меѓу амбицијата и фантазијата, амбицијата на богатство и материјална благодет и фантазијата на моќ, месијанство и умислена важност. Тие се во хаос и не превземаат одговорност, како човечко битие во целина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.