Вештачењето за случајот „Топлик“ е одбиено поради немање на лиценца од страна на вештакот.

Основниот кривичен суд согласно праксата на апелациониот суд го отфрли вештачењето на лицето Борис Тунгев поради што истиот не поседувал лиценца во фаза на подготвување на вештачењето.

Со ова целото обвинение за случајот „Топлик“ е неосновано и се очекува обвинителството да го повлече обвинението бидејќи цело обвинение се базира токму на ова вештачење на вештакот вработен во Kатастар кој нема лиценца за работа.

Инаку во предметот на СЈО „Топлик“ осомничени беа поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажба на градежна парцела во скопско Сопиште



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.