Верувам дека сите ќе бидеме разумни во внимателноста на предлагањето кандидати, изјави денеска премиерот во заминување Зоран Заев, кој доцна попладне ќе има средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за кандидадите од преодната Влада што треба да стартува од 3 јануари, на 100 дена пред одржувањето на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април следната година.
Премиерот во заминување смета дека нема потреба од посебна средба со коалицискиот партнер и лидер на ДУИ, Али Ахмети околу кандидатите за преодната влада и посочи дека за тоа се можни консултации и по телефон. Тој не очекува проблеми од кадровски аспект, за да има потреба од посебни видови координации, состаноци или слично.
редбата со Мицкоски, повтори премиерот во заминување Заев, се реализира заради законската обврска каде што претседателот на најголемата опозициона партија треба да се сретне и да разговара со претседателот на најголемата владејачка партија и втората по големина владејачка партија.
Тој денеска прави средба со мене за консултација за кандидатите за преодната влада, а прави средба и со г. Али Ахмети за координација за кандидатите за преодната влада. Ние немаме потреба од некој разговор помеѓу мене и Ахмети за средби или слично. Веројатно самите имиња коишто ќе бидат разгледани ако имаме некоја дополнителна потреба како коалициски партнери можеме да се слушнеме по телефон и да поразговараме уште еднаш дали навистина двете страни стојат на ваквото со закон задолжително обврзувачко решение. Верувам дека ќе бидеме сите разумни во внимателноста на предлагањето на кандидатите, рече премиерот во заминување Заев.
СДСМ, дополни премиерот во заминување Заев, ги предложи своите кандидати и јавно ги соопшти.
Тоа се познати личности кои служеле и до денес на државата. Верувам дека нема да имаме некои видови проблеми од кадровски аспект за да може да правиме посебни видови координации, состаноци или слично, наведе премиерот во заминување Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.