Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска се сретна со Поглаварот на Македонската православна прква – Охридска архиепископија и Митрополит Скопски Господин Господин Стефан, со кого, во пресрет на православниот христијански празник, со Поглаварот разговаравме за чествувањето на Велигден.
Здравјето на граѓаните е најважно за сите нас и од страна на Поглаварот, г.г. Стефан бев информиран дека за време на празникот во црквите ќе служат само свештениците со свои помошници – без присуство на верниците на овие Богослужби. Заеднички констатиравме дека ова е време на духовна сплотеност и физичка дистанца, време кога сите треба да останеме во своите домови, а со тоа да дадеме придонес за што поскоро надминување на оваа состојба и враќање на животот во нормала, односно враќање на сите нас, верниците на молитвите и литургиите во божјите храмови, соопшти Чулев.
Чулев додаде дека со г.г. Стефан се согласиле дека во овие тешки моменти во борбата против коронавирусот за целото општество, единствена светла точка за сите верници е воскресенската радост која ќе ја почувствуваат преку биењето на камбаните во 24 часот во сабота, која вест ќе ја дочекаат со молитвена радост во своите домови со велигденски црвени јајца споделувајќи ја таа радост со своите најблиски.
Во пресрет на најголемиот Христијански празник, во нашата заедничка молитва да си посакаме радоста на Христовото Воскресение да ги исполни сите срца на овој свет и што поскоро да не одмине оваа немила состојба од која никој не е поштеден, порача Чулев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.