Неколку провладини портали избрзаа да ја објават „веста“ дека министерот за внатрешни работи Наќе Чулев набавил мобилни телефони во вредност од 170 илјади денари на сметка на државата.

Оваа вест експресно беше демантирана од страна на Министерството за внатрешни работи, а на социјалните мрежи брзо беше препознаена лажната вест од кујната на поранешниот министер Оливер Спасовски и дополнителната заменик министерка во МВР, Славјанка Петровска.

Лагата дека Чулев се подновил со два „ајфона“ на „Фејсбук“ ја сподели верната сенка на Спасовски, Митко Бојмацалиев.

Додека Спасовски беше на чело на МВР, Бојмацалиев фигурираше како Виш советник за меѓународна соработка на министерот за надоместок од 41,454 денари месечно.

За време на предизборието во 2017 година, кога Спасовски наместо да се повлече од партиските функции и да ја одвои партијата од МВР, тој беше унапреден во потпретседател на СДСМ, Бојмацалиев беше активен партиски спроведувач на изборните активности на СДСМ.

Кога Спасовски беше поставен за технички премиер, пак, по партиска и кумановска линија, со него ја повлече и својата верна сенка, Бојмацалиев, кој сега е заменик шеф на Канцеларијата на Претседателот на Влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.