Вера Стојчевска Антиќ, историчар на книжевност, кнежен твореник и славист изрази поддршка за независниот кандидат и актуелен градоначалник на Општина Куманово Максим Димитриевски за неговата инволвираност во промоцијата на ликот и делото на Блаже Конески.

Можам да искажам голема пофалба за организацијата на Општина Куманово и градоначалникот Максим Димитриевски за двете организирани свечености во чест на Блаже Конески во 2020 година, а уште поголема во 2021 година кога ја промовиравме прекрасната книга „На враќање кон Коневски“ која предизвика голем интерес кај бројни научници на нашата земја, но и во странство. Општината се заинтересира книгата да биде солидно опремена, ја финансираа и ја распространивме во светот на големо задоволство, бидејќи во неа учествуваат научници кои долги години се занимавале со делото и личноста на Блаже Конески, истакна проф. д-р Вера Антиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.