Министерот за здравство Венко Филипче по изборот за нов претседател на СДСМ, доцна по полноќ се огласи на социјалната мрежа Фејсбук. Тој му се заблагодари на поранешниот претседател на СДСМ Зоран Заев, за како што напиша, приликата да соработува со премиерот во време на решавање на најважните и најтешките прашања во земјата.
Му благодарам на досегашниот претседател Zoran Zaev за честа и довербата која ми ја укажа да бидам потпретседател на СДСМ. Особено ми е драго што имав можност да соработувам со него во време кога ги решаваше најважните и најтешките прашања во нашата земја. Тој е лидер од кого многу може да се научи за грижата, посветеноста и љубовта кон татковината.
Честитки за изборот на Димитар Ковачевски, му посакувам успешна работа и многу победи за партијата. Верувам дека има знаење и мудрост да се справи со сите предизвици и да го обедини членството, напиша министерот Филипче на социјалната мрежа Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.