Гулабот кој слета на рамото на Бујар Османи вчера во Венеција навистина донесе добра вест, но не за него.

Колку и да се труди, Владата нема да може да ги извртува и „автентично да ги толкува“ правните експерти на Советот на Европа, кои концизно предупредија на сите пречки, правни и технички, кои со себе ги носи насила донесениот Закон за јазици.
Пред сè нотирана е силна критика поради скратената постапка во која законот беше донесен во Собранието. Во мислењето е наведено дека Комисијата за европски прашања и покрај предложените околу 80 амандмани од страна на опозицијата, одлучи да дискутира по само неколку од нив. Во мислењето е нотирано и отсуството на инклузивна и неопходна јавна расправа за законот кој е од широк јавен интерес. Нотирано е дека гласањето на законот се одржа во отсуство на најголемата опозициска партија и без расправа по поднесените амандмани, што покрена силни реакции во јавноста.
Комисијата жали што закон кој се однесува на голема и политички сензитивна реформа на јазичната политика во земјата бил поминат по скратена постапка.
Комисијата имала сознанија од одредени соговорници дека законот бил подготвен како дел од коалицискиот договор меѓу двете партии (СДСМ и ДУИ) без претходна соодветна анализа на слабостите и пропустите во примената на Законот за јазиците од 2008 година и без соодветна консултација со претставниците на помалите етнички заедници. Со оглед дека во образложението на законот стои дека неговото усвојување е резултат на неконзистентноста во примената на Законот за јазиците од 2008 година, на Комисијата ѝ е тешко да разбере зошто при подготовката на нацрт-законот не претходела анализа на причините кои довеле до неконзистентна примена на претходниот закон (финансискиот капацитет на државата, квалификувани човечки ресурси, неподготвеност на вработените кадри, отстуство на интерес кај немнозинските заедници за реализација на правата предвидени во законот и слично) и како сите тие услови ќе влијаат во иднина (во смисла на немање буџетски средства и човечки ресурси) при натамошната имплементација на законот.
Дополнително, по ова прашање, Комисијата му препорачува на законодавецот при повторното разгледување на измените на законот да не ја користи скратената постапка во Собранието.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уште при насилничкото донесување на законот предупреди дека ова е антидржавна одлука на парламентарното мнозинство да влезе во авантура која ќе остави големи последици за Македонија како држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.