Откако законот за јазици на почетокот од годинава беше испратен на мислење во Венецијанската комисија, денеска нејзина делегација ќе престојува во Скопје за да ги испита можностите дaли има можност или не албанскиот јазик, покрај македонскиот, да се најде на банкнотите и на воените униформи во Македонија.
Членовите од делегацијата ќе се сретне со членови на пратенички групи и пратеници од помали етнички заедници во врска со побараното мислење од Комисијата за Законот за употреба на јазиците. Претставници на Делегацијата на Венецијанската комисија ќе имаат средби со пратеници од пратеничките групи на ДУИ, на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ и од независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ. Тие ќе имаат заедничка средба со пратеници на политички партии од помалите етнички заедници, како и заедничка средба со пратеници од Алтернатива, Коалицијата „Алијанса за Албанците” и Движење БЕСА.
Владата пред спроведувањето на практичната употреба на законот побара мислење за двојазичноста, а освен целосниот текст на законот, испратени беа и двата спорни члена за двојазични пари и униформи на АРМ.
Тоа предизвика конфликт помеѓу СДСМ, кој прво сакаше да се испита дали ќе има импликации ако постои двојазичност на парите и на униформите, како и евентуално за други одредби, додека ДУИ се брзаше и беше нестрплива за побрзо практично спроведување на законот.
Премиерот Зоран Заев потврди дека сите забелешки од Венецијанската комисија ќе бидат спроведени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.