Докажав дека во овие 4 години ги надокнадив и претходните 4 години, во Лозово е направено премногу, вели Ацо Велковски, кандидат за градоначалник на Лозово од СДСМ во Студио 10 на ТВ24.

Сè што беше потребно во овие 2-3 години е направено. За урбанизацијата кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ не одговори ништо. Имаме индустриска зона, има донесени два нови урбанистички планови со помош на приватни фирми затоа што општината не располага со големи финансиски средства, а се планира и изградба на хотели и спа центри. Изградена е био-гасна станица во општина Лозово. Први сме во регионот со 97% приклучени домаќинства на водоводна мрежa, рече Велковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.