Функционерите на власта предводена од Заев и понатаму продолжуваат да ги злоупотребуваат функциите кои им се доделени.

Во медиумите се појави информација дека Лазе Велковски, началник на организиран криминал во МВР извршил кривично дело примање поткуп и на сметка на приватна фирма бил на одмор во Охрид во времетраење од цели два месеци. Оттука се поставува прашањето дали МВР наместо институција за борба против криминалот станува институција-извор на криминалот?

Велковски е на раководна функција во Министерството за внатрешни работи, а тој истиот влегува од скандал во скандал.

Која е причината приватна фирма да го плати одморот за Лазе Велковски?! Лазе Велковски не е обичен граѓанин, туку е началник на организиран криминал и корупција?! Доколку приватна фирма му го платила одморот е извршено кривичното дело примање на поткуп од чл.357 од КЗ според кој е предвидена казна затвор од 1 до 10 години, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, Министерство за внатрешни работи која претставува сериозна структура и работи по принципот на строга хиерархија се поставува прашањето дали за ваквите активности знаел Спасовски и дали тој премолчел или можеби учествувал во истите?

Имено, Лазе Велковски е познат во јавноста како „Лазе Евридики“ кој претходната година на својата ќерка и дозволи со нејзините другарки со службено возило „Ренџ Ровер Дискавери Спорт”да заминат на одмор во кампот „Еврикиди’’.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.