Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски објасни за текот на седницата на 27 април. Спикерот рече дека пред крајот на работниот ден имал координација со партиите и било договорено седницата да продолжи следниот ден, во петок. Затоа тој во 18 часот ја прекинал седницата.

Затоа, вели Вељановски за него немало никакво значење пораката што ја добил од Груевски околу 16 часот. Информацијата што Груевски ја добил од Панче Кралев била дека се спрема избор на Талат тој ден.

Но, тоа за мене немаше никакво значење бидејќи имаше голем број пратеници за реплики и збор, а и веќе го имав добиено дописот за продолжување на седницата следниот ден потпишано од 31 пратеник. Сето ова наведуваше на несериозноста на пратената порака. Седницата си продолжи со вообичаениот тек, објасни Вељаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.