Поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, го напушто Основниот суд Скопје 1 каде беше на распит за настаните во парламентот од 27 април 2017 година.
Тој не сакаше да даде изјава за мидиумите. Накратко посочи дека дал исказ пред судот и дека не чувствува вина за упадот во парламентот. Вели дека не бил дел од организацијата на истиот.
-По дифолт секој што е пратеник има имунитет. Не, ве молам, 10 години сум бил претседател на Собрание, и јас да бидам организатор? Срамота – рече поранешниот собраниски спикер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.