Во однос на наводот на обвинителството дека јас и Спиро Ристески сме имале интензивна комуникација од 11,33 до 11,36 и затоа сме знаеле дека ќе има шатори порааешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски вели дека овие наводи на застапникот на обвинението се најгруба демонстрација на сила и омраза со цел преку невистина да му се нанесе болка, а во јавноста да биде претставен како злосторник.
Сепак верувам дека овој суд ќе изврши правилна оценка, и уште еднаш внимателно ќе го прочита транскриптот од цитираните пораки со Спиро Ристоски и ќе се увери дека тоа што беше кажано во завршниот збор на обвинителството, благо кажано, не соодведствува со вистината, бидејќи комуникацијата од тие пораки е службена на тема образование и никаква врска нема со собраниската седница, со протестите или со било што од немилите настани, ниту пак за шатори, чадори или други реквизити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.