Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, реагира на вчерашната изјава од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски дека „Во 2016 година, тогашниот претседавач, Трајко Вељаноски испратил допис датиран на ден 30 декември 2016 година, со кое го информира тогашниот претседател Иванов дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите иако не е избран претседател“.
Сакам да ја известам јавноста, но и Претседателот г-н Стево Пендаровски дека тоа не бил прв случај иако не бил избран Претседател на Собранието на РМ и била прекината седницата да Претседавачот го известува Претседателот на државата дека е констутирано Собранието.
Прв таков случај беше во 2006 година при конституирање на 5-ти парламентарен состав на конститутивната седницата одржана на 27 јули 2006 година тогашниот Претседавач со конститутивната седница г-н Стојан Андов ја прекина конститутувната седница после третата точка без да се изврши избор на Претседател на Собранието на РМ бидејќи немаше предлог за Претседател на Собранието на РМ и ја одложи седницата но истовремено на ден 27 јули 2006 година г-н Стојан Андов како Претседавач а не како Претседател на Собранието на РМ го известува Претседателот на РМ дека е конститутирано Собранието иако не беше избран Претседател на Собранието на РМ и врз основа на тој допис од Претседавачот г-н Стојан Андов тогашниот Претседател на РМ г-н Бранко Црвенковски на 28 јули 2006 година го достави мандатот на тогашниот мандатор (за ова нека си проверат во архивата на Претседателот на државата и во архивата на Собранието).
Но за среќа тогашниот Претседавач г-н Стојан Андов не беше суден за тероризам во тоа време, реагира Вељаноски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.