Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов по повод празникот Христово воскресение – Велигден, што утре (21 април) го слават граѓаните со католичка вероисповед, упати велигденска честитка.

Како католичка заедница невообичаено сме збогатени со овој Велигден не само со празнувањето на таинството на верата, туку со фактот дека токму во тоа Воскресно време ни доаѓа во пасторална посета поглаварот на нашата Црква, папа Фрањо. Веруваме дека Тој ќе ни го навести Христовиот мир, ќе не охрабри и ќе ни ја зајакне нашата надеж да не се пребројуваме според бројот, туку да настојуваме својот живот да го направиме богат во даровите кои само Бог може да ни ги дарува. Во многу сфери на нашата цивилизација и култура полагаме испит на опстанок и затоа се молиме прославениот и воскреснат Бог, преку оваа Апостолска посета, да нѐ обнови во духот, зајакне во мирот и зацврсти во заедништвото со сите луѓе со добра волја што на ова земја и на сите граѓани во неа им посакуваат напредок, соживот, успех, а пред сѐ мир.“ – изјави Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.