Велигденските празници ќе поминат со сегашните рестриктивни мерки, потврди на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Тој додаде дека доколку се дозволи движење за време на Велигден, ситуацијата лесно може да излезе од контрола, затоа се предвидува мерките да останат исти и тој викенд.
Велигден годинава паѓа на 19 април.
Министерот повторно кажа дека врвот на заболени и пикот на болеста се очекува кон крајот на април, но дека веќе се разговара за мерки и се даваат упатства за тоа угостителските објекти и останатите фирми да продолжат со работа кога рестрикциите ќе почнат да се намалуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.