Премиерот Зоран Заев велеше дека Македонија ќе ја мажи во богато семејство, ветувајќи влез во Европската унија. И на сватовите од Бугарија кои ставија вето на Македонија за влез во ЕУ, и на кумовите од Грција кои го променија името на Македонија им останаа гратис даровите од Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија, јазикот, идентитетот, историјата, традицијата.

Македонија доби вето од Бугарија, но даровите на сватот Бојко Борисов останаа. Заев богато го дарувал сватот што му помагаше во преговорите со Грција за промена на името на Македонија. Заев богато го дарувал сватот Борисов и тоа со Иловица, национална телевизија, мобилен оператор, банка и оптички кабел, а идентитетот го даде гратис.

Во „играта на сè или ништо“ Заев зедe сè, а Македонија изгуби сè. И покрај сето тоа Заев не чувствува одговорност и вина за банкротот на економски политички и здравствен план на Македонија.

Македонскиот премиер од опозиција се расфрлал со државните ресурси. Така, Заев на својот сегашен колега Бојко Борисов му ветил овозможување на влез на бугарски капитал во Македонија во најмалку пет бизнис сектори.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели дека Зоран Заев покрај тоа што го распродава македонскиот идентитет, низ призма на преговорите турка и бизнис зделки врз грбот на граѓаните.

Јасно е дека Зоран Заев ветувал и бизнис зделки на Бојко Борисов, а тоа се гледа по односот помеѓу двајцата лидери изминатиот период. Имено, Зоран Заев ветувал дека бугарски капитал ќе влезе во Македонија преку рудникот Иловица, кој магично преку ноќ го промени сопственикот. Исто така им ветил една национална телевизија, акции во еден мобилен оператор, банка и слободно користење на општички кабел на една државна компанија. Тоа се работите кои Зоран Заев лично му ги ветил на Бојко Борисов, кажа Николоски.

Но, освен даровите и ветувањата на Заев кон Борисов исто така постојат и пријателски бизнис релации и соработка помеѓу Борисов и семејните бизниси на премиерот Заев.

Бугарските медиуми неодамна потврдија дека Зоран Заев поседува имот на Халкидики, Грција, а тоа само кажува за точноста на информациите за договорите помеѓу Заев и Борисов, како и со другите лидери, на кои не само што им ги исполни бизнис барањата, туку им го даде на тацна и македонскиот идентитет. Тоа е класично понижување на државата, вели Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.