На инфективното одделение во Велес лежи 43-годишниот пациент кај кој е лоциран делта-сој на ковид-19, а екипата на „Телма“ случајно го затекнала на тераса. Иако не сакал пред камера, им раскажал дека неодамна се вратил од Англија каде работи. Се пожалил дека условите се лоши и дека во петок очекува негативен тест за да излезе од болница. Не верува ниту дека има корона, бидејќи симптоми нема, а не е ни вакциниран.
Отидов на преглед само поради тоа што имав проблеми со синуси. Гледате и сами дека ништо не ми е и едвај чекам да излезам оттука, рекол тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.