Општинскиот штаб за заштита и спасување на својата последна седница во петокот одлучи превентивно да бидат затворени и јавните детски игралишта и детски забавни паркови во Велес. Целта на оваа одлука, како што информира градоначалникот Аце Коцевски, е да се спречи групирање и пренесување на вирусот Ковид-19 кај младите и нивните најблиски – родители, баби и дедовци кои одат со нив во детските забавни паркови, а со тоа и да се заштити нивното здравје.
Тој ја оцени како крајно алармантна состојбата со Ковид -19 во Велес и апелира до граѓаните да ги почитуваат превентивните меки за заштита со цел да се спречи ширењето на заразата и да се сочува здравјето на граѓаните.
Бројот на активни случаи во Велес и велешко од ден на ден расте и до вчера попладне тој број изнесува 383. Вчера беа регистрирани 50 новозаболени, а завчера рекрдни 83 новозаболени со Ковид-19.
За десетина дена на Инфективно одделение починаа 15 пациенти што е најмноги од почеток на епидемијата од кога досега се почината вкупно 29 пациенти од Велес и велешко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.