Светски познатите руски пренкери Алексеј Стојаров, познат како Пренкер Лексус и Владимир Кузнецов, познат како Пренкер Вован снимиле записи со многу политичари и ѕвезди од шоу изнисот.
Пренкерите снимиле записи со Петро Порошенко, Реџеп Тајип Ердоган, американскиот сенатор Џон Мекејн, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, Михаил Горбачов, Витали Кличко, Елтон Џон, Емануел Макрон и многу други.
Пранкер како телефонски хулиган започнал да се практикува уште од почетокот на 21 век, првично специјализирана за „популарни“ жртви на телефонско хулиганство. Овој вид на пранк започнал со политичка шега во 2012 година, за време на предизборна кампања, со снимање на неколку изложени материјали со Борис Березовски и неговите соработници на тема финансирање на опозицијата и митинзи на Болотниот плоштад.
Во февруари 2017 година, пренкарите го повикале генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во име на украинскиот претседател и разговарале за плановите за Украина.
Во истиот месец, Столтенберг повикал голем број американски конгресмени во име на премиерот на Украина, Владимир Гројман.
Најлегендарни записи на дуото се тие со американскиот сенатор Џон Мекејн, кој во „телефонското хулиганство “рекол дека воведувањето нови санкции против Русија во овој момент – тешко.
Во јули 2017 година, го пренкнале и американскиот секретар за енергија, Рик Пери. Во телефонскиот разговор во име на премиерот на Украина Владимир Гројсман, пренкерите објавија дека претседателот на Украина, Петро Порошенко, развил нов вид на биогориво врз основа на ѓубриво.
Претседателот на Русија за овие пранкери има и посебно име, ги нарекува „Телефонски момчиња“. Име кое тие двајца подоцна го користат во емисија на радио.
Дуото вели дека работат само за себе, дека темите и лицата кои ги пранкнуваат ги избираат тие сами двајцата, дека не постои друг. Но, исто така потенцираат дека имале понуди од лица за големи суми на пари да пренкнуваат посочени политичари, но такви „порачки“ не правеле.
Партнерите во пренкнување успеа да го „изиграат“ и Премиерот Зоран Заев, но дали ќе успеат да го пренкнат рускиот претседател Владимир Путин е прашање кое ги интересира скоро сите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.