Генералниот секретар на СДСМ и министер за борба со корипцијата Љупчо Николовски вечерва во Топ тема со невидена леснотија ги обвини националните телевизии дека не ѝ даваат доволно поддршка на Владата иако се финансирани со државни пари.
На новинарската забелешка дека според индексот на перцепција на корупцијата на Транспареси земјава е падната за пет места во споредба со лани, односно во вкупниот скор се работи за стагнација, Николовски рече дека информацијата на новинарот Боби Христов не му е точна.
Апсолутно истиот број од лани и ние тоа… Воопшто не ви е точна констатацијата, и нема да се согласам дека има некакво алиби и јас очекувам максимална поддршка, прес се од најодговорните, еве национални телевизии коишто се финансирани од сите граѓани, рече министерот за борба со корупцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.