Каква корист има од вакцинација за грип во декември, кога населението ќе стекне имунитет дури во јануари – е ставот на матичните лекари по најавите на министерот за здравство Венко Филипче дека ќе има повеќе термини за вакцинација.

Тие изминатите неколку недели секојдневно мораат да ги одбиваат своите пациенти коишто се јавуваат за термин затоа што друг избор немаат, ниту пак можат да ги услужат преку системот во кој секунди ги делат од веќе пополнети термини за вакцинација.

Според онаа микробиологија и календари за вакцинации коишто сме ги учеле ние по медицина и со години сме ги практикувале, тој календар кажуваше до крајот на октомври да се вакцинира за сезонски грип. Сега веќе знаете како?! Тие возрасни лица, хроничари, ако ја примат таа вакцина која во прво време малку го ослабува имунитетот и потоа ги фати друга настинка – тоа може да ги покоси, вели за „Телма“  Лилија Чолакова – Дервишова, претседател на Здружението на матични лекари.

Нарачаните вакцини доцнеа уште од старт, а комерцијалните веднаш се истрошија, а дел од граѓаните на коишто им следува бесплатна вакцина се уште едвај можат да дојдат до термини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.