Вечна им слава и никогаш да не се заборави 13 август 1951 година, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на годишнината од убиството на Струмичката петорка – студентите Мирко Пецев, Ѓорги Јармов, Борис Белев, Ѓорги Костуранов и Стево Топчев, на возраст од 18 до 23 години, кои биле убиени на планината Беласица од страна на комунистичките власти во Струмица на тогашната СРМ.

„Беласицо крикни и заплачи, за петте твои синови. Пецев, Белев, Јармов, Топчев и Костуранов. Нивната крв младешка ги натопи твоите дрвја столетни. И Македонија низ својот пат кон вечноста, секогаш да ги памети петте струмички студенти во илјада деветсто педесет и првата стрелани…“

Вечна им слава и никогаш да не се заборави 13 август 1951 година.

Македонија е нашиот завет, нашата судбина и нашата иднина, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.