Денеска со почеток во 18:15 часот ќе се случи првото изборно соочување Христијан Мицкоски и Зоран Заев.
Лидерите на двете најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во предизборен дуел ќе дебатираат на Телевизија 24, а нивен домаќин ќе биде Младен Чадиковски. Од телевизијата најавуваат сет на прашања од областа на политиката, правдата, и можности за соочување на аргументите на повеќе теми од политиката и економијата.
Бомбашко лето во среде кампања, кој губи а кој добива? Аргументите на маса – можна ли е правна држава со селективна правда? Договорите со Бугарија и Грција како обезличување или како зацементиран идентитет за ЕУ и НАТО? И СДСМ И ВМРО ДПМНЕ во ек на коронакриза, ветуваат повисоки плати и зголемена економија, реални ветувања или бајки за гласачите, пишува во најавата на дуелот.
Отворено студио на ТВ 24 е денес во 18:15 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.