Денеска поради верскиот празник Рамазам Бајрам ќе нема ограничување за движење. Од четврток пак, стапува на сила ограничувањето во движењето од полноќ и ќе трае до 4 часот изутрина.

Од денеска па до 18 мај 2021 година на сила ќе бидат новите мерки кои ги усвои Владата на вчерашната редовна седница.

Дозволеното време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.Сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.

Надлежните велат дека новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести се врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во земјата.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје пријавени се 105 смртни случаи од 21 град, 37,1% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 91 лице биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години, 5 лица на возраст од 40-49 години, 2 лица на возраст од 30-39 години и едно лице на возраст од 20-29 години.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.