Од Владата информираат дека денеска (10.3.2019 год.) со почеток во 20:00 часот ќе се одржи средба помеѓу претседателот на Владата, Зоран Заев и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Како што е најавено, тие ќе разговараат за претстојните претседателски избори, реформските закони и сè што е во интерес на државата, како што најави Заев. Според Заев, за оваа средба нема потреба од формат на повеќе политички партии.

Тој рече дека е важно да разговараат за евроинтеграцискиот процес , оти и процесот за членство во НАТО не е завршен се уште.

Да направиме се што можеме во јуни да го добиеме конечно датумот за отворање на преговорите со ЕУ. Тоа се важни работи, изјави Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека на средбата повторно ќе го отвори прашањето за предвремени парламентарни избори.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.