1028 ПМ честички на 100 микрограми се измерени вечерва во Куманово, покажува апликацијата Мој воздух. На социјалните мрежи деновиве граѓаните се пожалија дека во вечерните часови се пали отпад на одредени локации во градот.
Загадувањето почна по 18:00 часот и на моменти беа измерени над 1.000 ПМ честички.
Граѓаните реагираа на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од апликацијата и бараа од властите засилени контроли и санкции против загадувачите.
Општината Куманово, лани донесе акциски план за намалување на аерозагадувањето кој вклучува краткорочни и долгорочни мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.