Веб страницата vakcinacija.mk која е официјана страница за пријавување за вакцинирање против ковид-19 се уште не функцинира. Утринава воопшто не беше активна, кога ќе се отвореше стоеше „наскоро“, а сега се појавува порака на која пишува дека има зголемен сообраќај.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека страницата ќе биде активна од денеска.
Освен по електронски пат со регистрација на интернет-страницата за вакцинација, пријавувањето за вакцини ќе се врши и преку матичните лекари преку системот Мој термин.
Филипче вчера кажа дека капацитетот за вакцинирање изнесува по 880 лица дневно во сите поликлиники во Здравствениот дом во Скопје и дополнителни близу 500 во пунктот во Клиничкиот центар во Скопје. Вакцинацијата ќе почне со здравствените работници и со лица над 70 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.