Вџашени сме од нискиот степен на комуникација на Зоран Заев со медиумите и новинарите, како и потценувањето на јавноста со случајот во тетовската болница, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по денешните изјави на премиерот.
Згорезени сме од обидот за брутална политизација и тргувањето со несреќата и човечките судбини.
За Зоран Заев болниците во кои што народот треба да се лекува ги спореди со летни тераси на ресторани. Ете до толку му е грижа на Заев за здравјето на граѓаните.
Нема ниту М од морална одговорност од Зоран Заев и Венко Филипче. Веќе две недели нема никакви одговори за несреќата која се случи во Тетово.
Зоран Заев и Венко Филипче се обидуваат да избегнат одговорност за 14-те изгубени животи во модуларната болница во Тетово.
На Заев и Филипче најбитни им се провизиите и тендерите. Одговорност ќе има за тетовската болница. Ќе одговараат од прв до последен за изгубените животи, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.