„Венко Филипче, ниту пи-ар агенцијата нема идеја како да ги оправда твоите погрешни политики. Театрални настапи не поминуваат, прес конференции веќе нема, сведен си на статистички статуси зад кои ја криеш неспособноста.
Епидемијата добива драматични размери. Бројката на ифицирани достигнува 30% од тестирните лица, а бројката на починати е алармантна, 22 починати лица во едно деноноќие. Сочувство до семејствата. Очигледно е дека имате огромни неуспеси на проценка и неправилна активност.
Македонија има најголем број на починати на еден милион жители во регионот. Само за споредба, во Грција вчера починале 10 лица, или 1 на 1 милион жители, додека во Албанија починале 4 лица или 1 на 1 милион жители. Само кај нас Венко ние имаме 11 починати на 1 милион жители, рече Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е алармантно, потенцираше Митева, ова е знак на тотален дебакл и хаос. Филипче, ти го водиш здравството во пропаст. Ротацијата на кадар на инфективните одделенија од сите здравствени установи е мерка која што требаше да биде направена уште во март. Во изминатиот период гледавме како медицинскиот персонал го напушта здравствениот систем. Требаше да го искористите летниот период за зголемување на болничките капацитети. Но, ништо од ова не е направено.
Секој еден граѓанин сега ја разбира вашата политичка потреба од воведување вонредна состојба на тогаш, педесетина заболени. А денес, на вака масовен и брз развој на вирусот, суспектните лица на КОВИД-19 чекаат пет дена за тестирање затоа што нема термин, нема капацитет и нема алгоритам. 1125 тестови вчера се направени во приватните лаборатории кои граѓаните сами ги платиле. Кризата ги разоткри нееднаквостите и неправдите кои ги правите. Во дадениот предлог закон нема ниедна конкретна мерки за борба против пандемијата. Но, на СДСМ и треба изговор, и треба виновник за црните рекорди, потенцира Митева.
Морам да напоменам дека на ова ниво на загрозеност од пандемијата, Македонија за жал има една од најголемите стапки на смртност по однос на еден милион жители во Европа.
Затоа, сметаме дека мора да реагирате посериозно, мора некој за сегашната ситуација да понесе одговорност и мора постручни лица да ги заземат местата на оние членови на Комисијата. Венко Филипче ОСТАВКА! Толку е пресот!“, изјави Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.