На вакциналните пунктови во државата, заклучно со вчера, се вакцинирани вкупно 334.386 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.409 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.525 граѓани. На веб-платформата vakcinacija.mk, за вакцинирање се пријавени 472.159 граѓани.
Од Министерството за здравство информираат дека во државата вкупно се аплицирани 557.400 дози вакцини, а ревакцинирани се 223.014 граѓани.
Со последните бројки 52 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49 проценти граѓани над 65 години се вакцинирани барем една доза вакцина и 43 отсто од жителите над 60 години примиле барем една доза.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп – велат од министерството.
Оттаму апелираат до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.