За неполни два дена претедателот на СДСМ, Зоран Заев и шефот на државата излегуваат со спротивни изјави за тоа на кој начин треба да се менаџира состојбата со корона вирусот.

Вчера по состанокот на Советот за безбедност, Пендаровски излезе со став дека во овој момент не гледа причина за воведување на вонредна состојба и оти ја имаат ситуацијата под контрола. На овој став беше и половина од владата на СДСМ.

Денеска пак по лидерската средба Заев почна да говори за воведување на вонредна состојба по примерот на државите од регионот и оти на тој начин се има поголема контрола и може побрзо да се делува.

Останува да се види  дали по зголемувањето на бројот на заразени, Пендаровски ќе го смени ставот и ќе го послуша Заев со чии гласови дојде на чело на државата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.